Сириската делегација ги напушти преговорите во Женева

Од:

Сириската делегација ги напушти мировните преговори кои што се одржуваат во Женева, под покровителство на ОН. Претставникот на сириската влада, Башар ал Џафари посочи дека најверојатно нема да се вратат ни наредната недела.

Тој додаде дека поводот за напуштањето на преговорите е декларацијата на сириската опозиција од мировната конференција „Ријад-2“, каде што се наведува дека нема место во транзицискиот период за сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Додека другата страна го користи јазикот на „Ријад-2“, напредок нека да има, наведе Џафари.

Стефан де Мистура, специјалниот пратеник на ОН најави дека последната рунда преговори, што започна во средата, ќе биде прекината вечерва, а со разговорите ќе продолжат во вторник и тие ќе траат до 15 декември.

Според Мистура, главни теми на продолжението на преговорите ќе бидат изработката на нов устав на Сирија и организирањето на претседателски и парламентарни избори под контрола на ОН.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права