Сирија со три проектили и возврати на Турција

Од:

Три проектили истрелани од сириска територија паднаа во турскиот пограничен град Акчакале во округот Шанлаурфа, јави Си-Ен-Ен-Турк.

Се уште нема информации за жртви, предизвикана е само материјална штета врз неколку куќи во градот.

Проектилите биле истрелани ноќеска, неколку часа по почетокот на воената операција „Извор на мирот“ во северна Сирија насочена против курдските борци од Силите за заштита на народот.

Локалните власти на Акчакале објавија дека училиштата нема да работат до 14-ти октомври заради воената операција.

Во меѓувреме турските копнени единици денеска навлегоа во околината на сирискиот пограничен град Тал Абјад. Според турски медиуми, турските сили воспоставиле контрола врз четири села – Табатин, Мешрефи, Бир Ашак и Хави. Движењето на турските сили кон Тал Абајад почна синоќа од четири позиции.

Според весникот „Милиет“, во моментот во градот Тал Абјад и околината не се забележани сириски курдски борци.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел