Сирија се согласи на условно примирје во Идлиб

Од:

Сирија се согласи за примирје во северозападниот регион Идлиб, јави државната сириска новинска агенција САНА.

Цитирајќи воен извор, агенцијата соопшти дека примирјето ќе се спроведе под услов да се почитува турско-рускиот договор што беше постигнат во Сочи во септември за создавање на демилитаризирана тампон зона во Идлиб.

САНА објави дека, според договорот од Сочи, џихадистичките и бунтовничките групи треба да го повлечат тешкото и средно оружје од тампон-зоната.

Договорот од Сочи предвидува тампон-зона во област од 15 до 20 квадратни километри која треба да ги раздели сириските трупи и бунтовниците во Идлиб, последното упориште на бунтовниците, и ќе биде под надзор на руски и турски трупи.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права