Сириското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека обвиненијата на американскиот државен секретар Џон Кери дека режимот уппотребил хемиско оружје се „лажни и неосновани“.
– Обвиненијата на Кери претставуваат очајнички обид да се оправда воениот удар врз Сирија, се наведува во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи.
Кери во синоќешното обраќање до јавноста изјави дека САД поседуваат докази, од илјадници извори, за одговорноста на режимот на сирискиот диктатор Башар ал Асад во нападот со хемиско оружје во близината на Дамаск. Според него, во нападот биле убиени вкупно 1.429 лица, од кои 426 деца.