СИПРИ: Во светот има 13.865 парчиња нуклеарно оружје

Од:

Вкупниот број нуклеарни боеви глави во светот во текот на минатата година е намален, но земјите кои имаат нуклеарно оружје го модернизираат својот арсенал, објави Меѓународниот институт за истражување на мирот (СИПРИ), со седиште во Стокхолм.

САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја на почетокот на 2019 година имале околу 13.865 парчиња нуклеарно оружје, односно околу 600 помалку од почетокот на 2018 година.

Во Извештајот се наведува дека во исто време нуклеарните сили го модернизираат својот арсенал.

– Во светот има помалку нуклеарно оружје, но помодерно, изјави директорот на програмата за контрола на нуклеарното оружје во Институтот и автор на извештајот Шенон Кајл.

Намалувањето на нуклеарното оружје во последните години главно доаѓа од САД и Русија, чиј арсенал сé уште претставува повеќе од 90 проценти од светското нуклеарно оружје.

Двете земји ги исполнуваат своите обврски според новиот договор СТАРТ потпишан во 2010 година, кој предвидува ограничен број функционални боеви глави и уништување на старите боеви глави од Студената војна.

Кајл посочи и на неколку загрижувачки трендови, како што е зголемувањето на нуклеарното оружје од двете страни на индиско-пакистанската граница, со што се зголемува опасноста од конвенционален конфликт кој може да прерасне во нуклеарен конфликт.

Би можело да ве интересира

Триесет дена притвор за кумановецот осомничен за криење оружје и муниција во близина на Арачиново

Предраг Петровиќ

Зеленски: На Украина и треба повеќе оружје

Запленета дрога и оружје кај маж од Дојран

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

Пронајдени пушки и муниција во Кичевско, уапсен е 50-годишник

А1он