Синот на Ел Чапо екстрадиран во САД

Од:

Овидио Гузман, син на затворениот мексикански наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, вчера беше екстрадиран во Соединетите Држави каде што се бара поради обвинение за дрога, соопштија денеска мексиканските владини претставници.

Претходно мексиканските медиуми, вклучително и информативната мрежа Миленио, објавија дека Гузман бил изнесен од затвор за да биде екстрадиран. Канцеларијата на мексиканскиот јавен обвинител соопшти дека нема коментар.

Гузман беше уапсен во Мексико во јануари по интензивна размена на оган во северната држава Синалоа. Американската влада побара негова екстрадиција во февруари за да може да се соочи со обвиненија за дрога пред американскиот суд.

Според американските судски документи, Овидио и неговите браќа наводно контролирале обемни меѓународни операции за трговија со фентанил, собирајќи стотици милиони долари и „преплавувајќи ги“ САД со смртоносниот опиоид. Стејт департментот понуди награда од 5 милиони долари во 2021 година за информации што ќе доведат до апсење или осудување на Овидио.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Мексико по апсењето на синот на „Ел Чапо“: Тројца мртви, нападнат аеродром

ВИДЕО: Уапсен синот на „Ел Чапо“, поради опасност од насилства затворени училиштата

Катерина Ѓуровски

Ел Чапо нарачува убиства од затвор, атентат на началникот на полицијата во мексиканската држава Соналоа

Мери Јордановска