Синот и ќерката на Трамп повикани на распит пред Јавната обвинителка на Њујорк

Од:

Јавната обвинителка на Њујорк повика на испитување уште две од децата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп, како дел од граѓанската истрага за измама поврзана со бизнисот на Трамп, јави денеска весникот „Њујорк Тајмс“.

Поканите, издадени од канцеларијата на јавната обвинителка Летиција Џејмс, им биле предадени уште на 1 декември, заедно со судската покана до самиот Трамп, пишува весникот, цитирајќи лице запознаено со случајот.

Поранешниот републикански претседател во меѓувреме ја тужеше обвинителката Џејмс за да ја блокира нејзината истрага против неговата компанија, обвинувајќи ја за „политички прогон“ и „лов на вештерки“.

Канцеларијата на Џејмс сака да ги испраша членовите на семејството Трамп како дел од истрагата во која треба да се утврди дали компанијата „Организацијата Трамп“, манипулирала со проценетите вредности на нејзиниот недвижен имот.

Нејзината истрага е поврзана со кривичната истрага на окружниот обвинител на Менхетен за деловните практики на компанијата на Трамп, вклучително и наводите дека таа ја преувеличила вредноста на дел од нејзиниот недвижен имот за да добие заеми и даночни олеснувања. Џејмс се приклучи на истрагата во мај. Двете истраги се одвоени.

Канцеларијата на јавната обвинителка Џејмс го сослуша Ерик, синот на Трамп, во октомври 2020 година, наведува весникот „Њујорк Тајмс“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Голем напредок кога станува збор за Украина, разговорите со Москва и Киев се одвиваат добро

А1он

САД, Русија и Украина веќе ги исцртуваат границите на новиот договор

А1он

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Трамп: Бев саркастичен кога реков дека можам да го направам тоа

Новиот премиер на Канада: Подготвен сум за разговори со Трамп за трговските односи

А1он