Кинеската агенција „Синхуа“, предупреди дека евентуален напад на Сирија би бил опасен за светот и дека инволвираните би требало да се потсетат дека на војната во Ирак и претходеа неосновани обвиненијата од САД, дека Ирак крие оружје за масовно уништување.
Агенцијата наведе дека западните држави донеле заклучоци, пред експертите на ОН да ја завршат истрагата за тоа кој употребил хемиското оружје во Сирија.
САД го обвинуваат сирискиот претседател Башар ал Асад дека минатата недела употребил хемиско оружје против цивили, а воениот врв на САД, Европа и нивните сојузници од Блискиот исток се состанаа во Јордан како совет за војна кој треба да одлучи за казната на Асад, иако тој негира дека е виновен и ги обвинува бунтовниците, е коментарот на кинеската државна агенција.
Коментерите на агенцијата „Синхуа“ не се со иста тежина како соопштението на владата, но може да се протолкуваат како одраз на официјалниот кинески став, наведе „Ројтерс“.
Меѓутоа, Кина се обидува да покаже дека не е на ничија страна и дека од сириската влада бара да преговара со опозицијата и преземе чекори за исполнување на политичките промени.
Според Кина во Сирија би требало да се формира преодна влада.
Елена Георгиевска