Симонета Сомаруга – нов претседател на Швајцарија

Од:

Mинистерката за животна средина, транспорт, енергетика и комуникации на Швајцарија, Симонета Сомаруга е избрана за претседател на државата за 2020 година.

Сомаруга е од Социјалдемократската партија.

Претседателските избори се одржаа на 11 декември на заедничка седница на двата дома на Парламентот на државата.

Сомаруга претходно беше избрана за претседател и во 2015 година.

Претседателот на Швајцарија не е шеф на државата, сите функции се исполнуваат колективно од сите членови на Владата – Федерален совет. Неговиот глас сепак е клучен во дискусиите во Советот. Изборот за претседател се спроведува во Парламентот и мандатот трае една година.

Претходно пратениците ги резбираа седумте членови на кабинетот за нов четиригодишен мандат.

По правило кабинетот се состои од претставници на четирите најголеми партии, претставувајќи целиот политички спектар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ