Силувано и убиено шестогодишно девојче во Индија

Од:

Во северната сојузна индиска држава Харјана било силувано и убиено шестгодишно девојче, поради што полицијата сослушува неколку лица. Телото на девојчето биле пронајдено во близина на куќата од каде било киднапирано на 8 декември годинава.

Унакажаното тело и грозоморното злосторство ја шокираа целата земја и предизвикало бес кај населението, а нејзината мајка кажа дека бара правда и дека полицијата се уште нема уапсено никој.

Во моментов приведени се тројца роднини на таткото, но никој не е осомничен. Поради притисокот на јавноста, индиската влада формира и специјален тим за истрага.

Локалното население организираше и протести, а семејството на жртвата бара истрагата да ја преземат државните истражни органи бидејќи не ѝ веруваат на локалната полиција.

Од семејството најавија ескалација на протестите доколку нема брза реакција од полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати