Силувано 7-годишно девојче во училишен тоалет во индиската држава Гоа

Од:

Седумгодишно девојче е силувано во училишниот тоалет во индиската држава Гоа, пренесоа француските медиуми. Злосторството е извршено во градот Васко да Гама.

Се смета дека насилникот е момче на околу 20-годишна возраст, кое влегло во училиштето во понеделникот утрината. Тоа го силувало девојчето во тоалетот на еден од одморите.

Веста предизвика протести во градот. Вознемирени жители во понеделникот вечерта се собраа околу училиштето за да инсистираат на апсење на насилникот и на директорката на училиштето. Засега е уапсена само директорката.

Во државата Гоа вчера полицаец беше обвинет за сексуални напади врз проститутки. Полицаецот, заедно со двајца колеги, кои веќе биле избркани од работа, силувале проститутки, а во замена им гарантирале заштита додека се на „работа“.

Овие случаи се бележат по насилните протести во Индија против групното силување во автобус во Њу Делхи на 23-годишната студентка, која почина на крајот на на 2012 година, а минатата недела една млада жена во државата Пенџаб беше силувана во меѓуградски автобус од шестмина мажи, кои беа уапсени во неделата.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче

20 години затвор за Французинот кој 10 години ја дрогирал и ја изнајмувал за силување сопругата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тројца браќа богаташи повеќе од 10 години силувале и злоставувале жени

Катерина Ѓуровски

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија