Силувач излезе од затвор за викенд, уплати ливче и освои осум милиони евра

Од:

По 15-годишна правна битка, осуден силувач доби пристап до џекпот од 8 милиони евра, што дополнително ги разбесни неговите жртви. Ајорворт Хоар (70) добитниот билет го купил во август 2004 година за време на слободен викенд додека служел казна за силување во затворот Лејхил опен, пишува Дејли мејл.

Тој не можеше да пристапи до добивката поради затворските процедури, но откако беше пуштен од затвор во 2005 година, ситуацијата се промени. Почна да добива месечен надомест од 9.800 евра, а во 2008 година започна правен процес за преземање контрола врз добивката.

Извор од Министерството за внатрешни работи рече дека веќе нема никакви правни пречки кои го спречуваат Хоар да пристапи до неговите добивки. На силувачот потоа му исплатено салдото плус каматата за тој период.

Ќерката на една од неговите жртви, покојната Ширли Вудман, го парите да ги донира во добротворни цели. Нејзината мајка Хоар се обидел да ја силува на 59-годишна возраст додека таа се шетала во паркот Раундеј во Лидс во 1988 година. Една година подоцна тој е осуден за обид за силување и други сексуални престапи извршени помеѓу 1973 и 1988.

Пензионираната наставничка го тужеше силувачот и побара отштета кога слушнала дека тој го доби џекпотот, но нејзиното барање е одбиено бидејќи жртвите на сексуален напад мора да поднесат такви барања во рок од шест години. Во 2008 година се бореше за промена на законот, па сега во случаи на тежок напад судот има право да го продолжи рокот за поднесување барање.

Вудман почина минатата година на 92-годишна возраст, но таа успешно наплати отштета од нејзиниот напаѓач, кој на крајот и плати 56.000 евра и 900.000 евра судски трошоци. Парите што ги доби ги донирала за хуманитарни цели. Нејзината ќерка Шели (67) смета дека Хоаре треба да го направи истото.

– Луѓето мислеа дека мајка ми ги брка неговите милиони, но тоа не беше така. Таа само се бореше да го промени законот, рече Шели.

Вудсман се откажа од правото на анонимност во 2012 година и беше почестена од Британската империја за нејзините услуги. Таа имаше четири внуци и седум правнуци и беше активен член на заедницата Раундеј.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снајперисти ги убија напаѓачите во затворот во Волгоград

(ВИДЕО) Заложничка драма во Русија: Напаѓачите убија три лица, бараат хеликоптер да дојде да ги земе

Горан Наумовски

Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците ги земаа вработените како заложници, најмалку еден вработен загина

Горан Наумовски

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Хаос во затворот во Торино: Подметнат пожар, повредени се неколку чувари