Силно невреме погоди делови од Полска и Чешка, големи штети и неколку повредени

Од:

Силно невреме, придружено со град, синоќа зафати делови од Полска и Чешка, уривајќи дрвја и покриви од куќи, а пријавени се и неколку повредени.

Во полската покраина Померанија, историска област во северозападниот дел на земјата, што излегува на Балтик, во невремето се повредени седум лица, меѓу кои и двајца пожарникари, јави полската агенција ПАП.

На селскиот пат во Чојник дрво паднало врз автомобил со пет лица, меѓу кои две деца.

Низ цела Полска пожарникарите во последните 24 часа интервенирале дури 3.700 пати, а најголем дел од нив биле интервенции поради уништени покриви и паднати дрвја и два пожари предизвикани од гром.

Без струја во Полска останаа 125.000 домаќинства, додека во Чешка во темница се 1.200 домаќинства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух