Силна снежна бура го погоди денеска северниот јапонски град Хокаидо, соопштија локалните власти.
Укинати се десетици летови и движењето на некои возови.
Властите предупредуваат за можна појава на лавини, силни ветрови и обилни врнежи од снег.
Две лица се повредени во невремето, а обилните снежни врнежи предизвикаа штети врз 23 куќи и 120 стаклени градини. Осумдесет илјади домаќинства останаа без електрична енергија изминатите два дена.
Снежната покривка на островот се очекува до вечерва да достигне 50 сантиметри.