Силна експлозија во руски град: уништена зграда на воената полиција, има мртви

Од:

Две лица загинаа во експлозија во воен објект во градот Сертолов во рускиот Ленинградски регион, објави Телеграм каналот Маш, повикувајќи се на Ројтерс. Според неофицијални информации, телата на две лица досега се пронајдени во урнатините.

Губернаторот на Ленинградскиот регион, Александар Дрозденко, потврди дека експлозијата се случила во зградата на воената полиција, но не даде дополнителни детали за причината. Неофицијално

„Им наредив на безбедносните служби да ѝ помогнат на армијата во расчистувањето на урнатините и спасувањето на повредените по уривањето на зградата на воената полиција во реонот на воената единица во Сертолов“, рече Дрозденко.

Според Телеграм каналот Маш, под урнатините може да има уште четири лица. Засега нема официјални информации за причината за експлозијата.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води