Силна бура во делови од Тексас, Луизијана и Арканзас во САД

Од:

Метеоролозите за денеска предвидуваат силно невреме во делови од американските сојузни држави Тексас, Луизијана и Арканзас, со можност за торнада, град и грмежи, со максимална брзина на ветерот до 128 километри на час.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо доцна во четвртокот во делови од Тексас североисточно од Хјустон, објави АП. Засега нема извештаи за штети.

Повеќе од 100 летови беа одложени, а десетици откажани на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт во Далас, Тексас. На меѓународниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон, Тексас, имаше и доцнења и откажувања на летови поради невремето.

Гувернерот на Тексас Грег Абот ги активираше државните ресурси за одговор на вонредни состојби.

Би можело да ве интересира

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

(ВИДЕО) Силно снежно невреме зафати дел од Америка

Горан Наумовски

Снежно невреме во САД, најмалку петмина загинати

Снежно невреме во САД, откажани летови и возови

Снежно невреме во Германија, патници заглавени во возила

(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло