Снежна бура, со топли температури нанесе големи штети во многу делови на Австрија.
Најмногу работа пожарникарите имаа во текот на ноќта и утринските часови во покраините Штаерска и Корушка, каде бурата откорна повеќе кровови на згради и на куќи, искорна стебла, блокира патишта. На станицата за мерење кај северниот портал Тауернтунел, на надморска височина од 2.090 метри измерена е брзина на ветрот од 249 километри на час.
Во општината Фелкламаркз е активирано граѓанско предупредување – жителите се повикани да ги напуштат куќите, градинките и училиштата се затворени на територијата на целата општина, а 6.000 домаќинства се без струја.
Граничните премини Пауличсател и Зебергсател се привремено затворени, а блокирана е и регионалната железничка пруга.