Силите за брза реакција на САД ќе се стационираат во Шпанија

Од:

Американските воени сили за брза реакција ќе се стационираат во Шпанија, во базата Морон, близу до Севиља, соопшти шпанскиот заменик премиер, Сораја Суарез де Сантамарија.

Вкупно 2200 војници и 500 цивили, стационирани во оваа база, ќе бидат подготвени за брзи интервенции во Африка, Европа и во земјите на Блискиот Исток, во операции за заштита на амбасадите на САД, за спасување на американски цивили, како и за интервенции во воени конфликти и хуманитарни кризи.

Во базата Морон кај Севиља веќе има 850 американски војнци, а во неа сега ќе се стационираат вкупно 26 американски воени авиони.

„Целта на спогодбата меѓу владите на Шпанија и на САД, околу стационирањето на американските сили, претставува прилог кон стабилноста во регионот и општата безбедност во Африка, Европа и Блискиот исток„- изјави во Мадрид, шпанскиот заменик премиер Сантамарија.

Американскиот државен секретар Џон Кери, ќе допатува во понеделник во шпанскиот главен град, за да се потпише амандаманот на постоечкиот договор за одбранбено партнерство меѓу САД и Шпанија, од 1988 година.

Според одредбите од овој амандаман, американските сили се обврзани да ги известуваат шпанските власти за секоја мисија од базата Морон.

Воените сили на Шпанија и САД, заеднички ја користат оваа база, уште од 1953 година.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија