Сили на САД нападнаа тренинг камп на Ал Каеда во Јемен

Од:

Во американски воздушен удар врз тренинг камп на Ал Каеда на Арапскиот полуостров во Јемен (АКАП) извршен вчера, загинаа десетици терористи, соопшти Пентагон.

Кампот во планински реон го користеле околу 70 терористи.

– Тој напад е удар врз способноста на АКАП да го користи Јемен како база за напади и закани врз Американци и покажува дека сме одлучни да ја победиме Ал Каеда, изјави портпаролот Питер Кук.

Извори во Јемен претходно соопштија дека арапската воена коалиција извршила удари врз тренинг камп на Ал Каеда во кој биле убиени десетици борци.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот