Силен земјотрес во Русија – 5,8 степени по Рихтер

Од:

Силен земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала денес го погоди источниот брег на Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот е регистриран во 18:34 часот по локално време, а хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 10 километри.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, додека надлежните служби ја следат ситуацијата.

Камчатка, дел од рускиот Далечен Исток, е една од сеизмички најактивните области во светот.

Полуостровот има повеќе од 300 вулкани, од кои над 30 се активни, па затоа земјотресите и ерупциите се честа појава.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија