Силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Папуа Нова Гвинеја, но не е издадено предупредување за појава на цунами и се уште нема извештај за причинета штета.

Силниот земјотрес е регистриран на околу триесет километри северно од градот Рабаул, на длабочина од 18 километри, соопшти Американскиот геолошки институт, пренесе агенцијата „Франс прес“.

Силните земјотреси се вообичаени на оваа островска држава во југозападниот дел на Тихиот океан, бидејќи се наоѓа во т.н.огнен појас на Пацификот, центарот на сеизмичките активности.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Силен земјотрес во централна Албанија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Путин: Русија ја споделува вашата тага

(ВИДЕО) Бројот на жртвите во земјотресот на Тибет се зголеми на 95, снема струја и вода

Горан Наумовски