Силен земјотрес во близина на Курилските Острови

Од:

Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала погоди денеска област околу руските Курилски Острови, соопшти американскиот Центар за геолошки истражувања.

Епицентарот на потресот бил на околу 160 километри оддалеченост од Курилските Острови, кои се протегаат меѓу полуостровот Камчатка и јапонскиот остров Хокаиодо.

Потресот се случил на длабочина од пет километри.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами со седиште на Хаваи соопшти дека не се очекува закана од појава на цунами во поширокото подрачје на Пацификот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба