Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во водите на Пацификот, околу 570 километри јужно од чилеанските Велигденски Острови, соопшти денеска американските Геолошки институт.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека земјотресот се случил во 2:14 часот по локално време, на длабочона од десет километри под океанското дно. Центарот истакна дека не е издаденo предuпредување за појава на цунами.
Чиле е меѓу сеизмички најактивните земји, бидејќи се наоѓа на едно од најтрусните подрачја во светот.
Земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика и цунами, ја погоди земјата во февруари 2010 година и тогаш загинаа над 500 лица, а уништени беа 220 илјади куќи.
Најсилниот земјотрес регистриран во Чиле, од 9,5 степени, се случил во 1960 година и во него загинаа пет илјади лица.