Силен земјотрес регистриран во Чиле

Од:

Силен земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле. Морнарицата соопшти дека нема опасност од појава на цунами.

Епицентарот бил 60 километри североисточно од Валпараис, на длабочина од 32 киломертри.

Засега нема информации за повредени луѓе и за причинета материјална штета, но поради земјотресот 100.000 во Сантјаго останаа без електрична енергија.

Во април северниот дел на Чиле беше погоден од земјотрес со интензитет од 8,2 степени при што загинаа шест лица.

Чиле се наоѓа во едно од најтрусните подрачја во светот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон