Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди пацифичката држава Вануату.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 58 километри од градот Исангел, на 226 километри под морското дно.
По земјотресот не е објавена тревога за појава на цунами.
Се уште нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета од земјотресот.