Силен земјотрес регистриран на Тајван

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во тајванскиот град Хуалиен, но засега нема информации за евентуални жртви.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 18 километри.

Тајван се наоѓа на спој на две тектонски плочи, поради што се чести земјотресите.

Според очевидците земјотресот бил почувствуван и во главниот град на Тајван, Тајпеј.

Повеќе од сто луѓе загинаа во земјотресот во 2016 година, а во 1999 година при земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтер загинаа над 2.000 лице.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате