Силен земјотрес регистиран во Костарика

Од:

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Костарика, во близина на границата со Панама, соопшти американскиот Геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри северно од градот Голфито, најужното пристаниште на Костарика и омилена дестинација на сурферите.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека земјотресот предизвикал помала материјална штета, но нема податоци дека некој е повреден.

По половина час регистриран е уште еден земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтер.

Во соседна Панама земјотресот најмногу бил почувствуван во пограничните провинции Чирики и Бокас дел Торо.

Би можело да ве интересира

Див ѕвер уби момче кое ловеше риби пред родителите: „Гледавме како му ја отсекува главата“

Ана Ололовска

Силен земјотрес во Костарика

Горан Наумовски

Од радарите исчезна авионот со пет германски државјани кај Костарика

Костарика: Авион се преполови при слетување

Катерина Ѓуровски

Родриго Чавез победи на претседателските избори во Костарика

Ана Ололовска

Земјотрес од шест степени на Костарика

Ана Ололовска