Силен земјотрес на Хаити, три лица загинаа

Од:

Најмалку три лица загинаа, а неколку други се повредени при земјотрес, чија јачина прелиминарно се проценува на 4,9 степени според Рихтеровата скала, утринава го погоди јужниот дел на Хаити, соопштија властите.

Земјотресот се случил пред зори во близина на крајбрежниот град Џереми, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки топографски институт.

Телата на тројцата мртви се пронајдени под урнатата куќа, изјави за АП Франкел Мегинер, од Агенцијата за цивилна заштита на Хаити во Џереми.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада