Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди Велигденските острови крај бреговите на Чиле, но засега нема податоци за загинати или повредени, соопштија претставници.
Локалните власти евакуираа делови од островот.
Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 15,5 километри, соопштија чилеански сеизмолози.
Евакуирани се околу 350 луѓе од подрачјето на самиот брег поради евентуална опасност од цунами, но потресот сепак не предизвика големи бранови.
Велигденските острови се познати по групата од речиси 900 монументални споменици, наречени моаи. Спомениците во 1995 година се ставени на списокот на светското културно наследство на УНЕСКО.