Силен земјотрес ја потресе индонезиската провинција Папуа

Од:

Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтерова скала ја потресе индонезиската провинција Папуа, соопшти американскиот Геофизички институт.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 52 километри под површината на земјата, на околу 250 километри западно од градот Џапура.

Едно момче се води како исчезнато откако паднало во река како последица од потресот, а локалните власти соопштија дека се разурнати или уништени четири куќи, црква и две згради во градот Мемберамо, во близина на епицентарот.

– Проблемите со комуникацијата во планинските реони и оддалечените населени места не им дозволуваат на властите да ја проценат ситуацијата, изјавил портпарол на службата за борба со природни катастрофи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава