Силен земјотрес ја погоди Самоа

Од:

Силен земјотрес со интензитет од 6,9 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Самоа, соопшти американскиот Геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил на 192 километри југозападно од главниот град Апија и бил на длабочина од 32 километри.

Засега нема податоци за предизвикана материјална штета или евентуални човечки жртви. Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема опасност од појава на цунами.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси