Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа јужно од островската држава Тонга, во западниот дел на Полинезија, соопшти денеска Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 40 километри, соопшти EMSC, пренесе Ројтерс.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.