Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Од:

Земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Папуа Нова Гвинеја, а набргу потоа издадено е предупредување за опасност од цунами, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот е забележан во градот Рабаул во североисточниот дел на земјата.

Градот Рабаул на островот Нова Британија е уништен во 1994 година во силна ерупција на вулканот Тавурвурва.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами на Хаваите соопшти дека се можни опасни бранови на илјада километри од епицентарот на потресот долж крајбежјето на Папуа Нова Гвинеја и Саломонскиот Остров. Во соопштението се додава дека е можна појава на бранови од еден до три метри над нормалното ниво на плимата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава