Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди градот Сапоро во Јапонија.
Епицентарот на земјотресот бил на 70 километри југо-источно од Сапоро во 3 часот и 8 минути по локално време.
Според изјави на очевидци зградите се треселе цели 20 секунди, а поради земјотресот снемало струја.
Првично земјотресот беше регистриран како земјотрес од 7 степени, но тоа беше намалено.
Засега нема предупредување за цунами, поради длабочината од 30 километри.
Земјотресот следува по катастрофалниот тајфун што ја погоди Јапонија, во кој загинаа најмалку 10 лица, а повеќе од 100 се повредени.