Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Сантијаго дел Естеро во Аргентина, соопшти денеска германскиот центар за геонауки.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 620 километри, објави Ројтерс.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.