Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Аргентина, во близина на границата со Чиле, соопшти геофизичкиот институт на САД, пренесува ТАСС.
Епицентарот се наоѓал на 27 километри од градот Чилесито и 82 километри северозападно од големиот град Ла Риоха, на длабочина од 101 километр.
Нема информации за жртви и причинета материјална штета.
Претходно денеска, во истата област беше регистриран земјотрес со интензитет од 5,7 степени.