Силен земјотрес го погоди северното крајбрежје на Папуа Нова Гвинеја

Од:

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер изутринава го погоди северното крајбрежје на Папуа Нова Гвинеја.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени и нема прогласена опаснсот за цунами. Сепак голем дел од населението по потресот се упати во повисоките делови.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 19 километри од градот Аитапе.

Геофизичкиот центар на Папуа Нова Гвинеја во главниот град Порт Морсби објави дека потресот бил почувствуван и во Ванимо, на околу 145 километри од епицентарот.

Пацифичкиот центар за рано предупредување од цунами соопшти дека нема поголема опасност од појава на цунами, истакнувајќи дека земјотрес со оваа сила сепак може да предизвика големи бранови во радиус од 100 километри од епицентарот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба