Најмалку едно лице загина, а две се повредени во силниот земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, што го погоди Салвадор, соопштија денеска официјални претстваници на оваа латиноамериканска држава.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од четири километри, малку пред полноќ, во 23.52 часот по локално време, со епицентар во градот Антигво Кускатлан, во близина на престолнината Сан Салвадор, соопшти Министерството за екологија на својот налог на Твитер, пренесоа француските меидуми.
Националната цивилна полиција соопшти дека едно лице погина откако камен паднал врз автомобилот во кој се наоѓало, додека Црвениот крст соопшти дека две лица се однесени во болница откако се здобиле со повреди.