Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Непал, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 10 километри, се додава во соопштението, пренесува Ројтерс.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.