Силен земјотрес го погоди источниот брег на Индонезија

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер денеска го погоди источниот брег на Индонезија, соопшти националната геофизичка агенција.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е објавено предупредување за опасност од цунами.

Силниот потрес бил на длабочина од 12 километри под морското дно, а епицентарот се наоѓал на 157 километри од градот Туал, на Малукските острови.

Индонезија се протега врз т.н. Тихоокеански огнен прстен, реон со голема сеизмичка и вулканска активност.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба