Силен земјотрес го погоди Исланд

Од:

Земјотрес со јачина од пет степени го потресе југозападниот дел на Исланд, соопшти Државниот сеизмолошки институт.

Засега нема извештаи за жртви или штета во земјотресот што синоќа го погодил полуостровот Рејкјанес.

Денеска се регистрирани неколку последователни потреси, од кои најсилни биле земјотреси со јачина од 4,6 и 4,3. Нема индиции дека може да дојде до вулканска ерупција, соопшти Сеизмолошкиот завод.

Преку 10.000 земјотреси се регистрирани во Исланд во изминатите две недели, во сеизмолошки необично активен период, соопштија научниците.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба