Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Антофагаста во северниот дел на Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Според соопштението, епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 200 километри, пренесува Ројтерс.
Засега нема информации дали има повредени или материјална штета.