Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле вечерва, соопшти американскиот Институт за геофизика.
Епицентарот се наоѓал 102 километри југозападно од градот Копиапо, на длабочина од 47,5 километри.
Чилеанската служба за вонредни ситуации соопшти дека земјотресот не предизвикал цунами. За сега нема информации за жртви.
Потресот траел повеќе од една минута и предизвика паника меѓу населението. Луѓето истрчаа на улиците на градот Атакама плашејќи се од цунами.
Некои куќи се оштетени во Ваљенар, а во Копијапа искршени се прозорци.
Во катастрофалниот земјотрес кој се случи во февруари 2010 година. во централниот дел на Чиле, се создаде цунами, при што загинаа повеќе од 500 луѓе, а материјалната штета бешее неколку милијарди долари, потсетуваат агенциите.