Силен руски напад во регионот на Дњепропетровск, има повредени

Од:

Осум лица се повредени во нападите на руски беспилотни летала и ракети во текот на ноќта врз југоисточниот украински регион Дњепропетровск, високоиндустриски развиена област, соопштија официјални лица. Тројца од повредените се згрижени во болница, изјави на Телеграм гувернерот на регионот Серхиј Лисак.

Украинската воздушна одбрана собори 15 дронови и четири крстаречки ракети, додаде тој. Лисак објави и фотографии од тешко оштетени куќи, деловни згради и автомобили. Исто така рано во понеделникот, украинските воздухопловни сили соборија руски борбен авион Сухој Су-35 и четири проектили, се вели во соопштението.

Русија истрелала вкупно 16 проектили кон соседната земја во ноќните напади.

Русија се повеќе ја напаѓа Украина со проектили, беспилотни летала и крстосувачки ракети од почетокот на мај, додека Киев се подготвува за голема контраофанзива. Главниот град, исто така, повторно стана цел на повторени ноќни воздушни напади. Во понеделникот наутро во Киев беше мирно, соопшти армијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Вовчанск: Русите ја фрлија најмоќната бомба

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ

Сателитски снимки покажаа дека Украинците не го погодиле руското складиште со оружје

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски