Сикорски: Путин можеби само се шегуваше за поделба на Украина

Од:

Поранешниот шеф на полската дипломатија, Радослав Сикорски негира дека за американскиот весник „Политико“ рекол дека рускиот претседател Владимир Путин во 2008 година сериозно и предложил на Полска да ја поделат Украина која и онака е вештачка градба.

-Не сведочев на разговорот помеѓу Путин и полскиот премиер Доналд Туск, но така ми беше пренесено. Зборот предлог е погрешна интерпретација. Изговорени се зборови кои тогаш било можно да се сфатат како историска алузија или морбидна шега. На крајот на краиштата Путин така разговара и со другите лидери во Европа и светот-изјави Сикорски, за „Газета виборча“.

Тој додаде и дека во ниеден момент не ми рекол на американскиот новинар дека премиерот Туск молчел бидејќи знаел дека го снимаат, затоа што не бил присутен.

-Тогаш тој разговор звучеше надреалистички. Треба да се потсетиме на историскиот контекст. Тоа беше пред самитот на НАТО во Букурешт, на кој Путин отворено во присуство на полскиот претседател Лех Качињски и се закани на Украина. Путин во Букурешт рече дека Украина е вештачка градба, создадена од територии на Русија, Романија, Унгарија и Полска – нагласи Сикорски.

Долгогодишниот поранешен шеф на полската дипломатија објасни дека ниту премиерот Туск, ниту тој не зборувале за тие алузии, бидејќи тие добиле значење по самитот на НАТО во Букурешт и сега по руската анексија на Крим.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски