Сикорски: Организирана криминална група е одговорна за објавување на тајните снимки

Од:

Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски изјави дека организирана криминална група стои зад објавување на тајните снимки од неговите приватни разговори со други официјални лица, што доведе до владината криза.

Весникот „Впрост“ вчера објави транскрипт од разговорот во кој Сикорски изјавил дека сојузот на Полска со САД е „безвреден дури и штетен, бидејќи создава лажно чувство на сигурност“.

Сикорски не негира дека тоа го кажал, а ниту понуди докази за своето тврдење дека организирана криминална група стои зад снимките.

Тој истакна дека се надева оти сторителите ќе бидат идентификувани и наскоро казнети.

„Впрост“ пред една недела објави транскрип во кој шефот на Централната банка на Полска и нуди помош на владејачката партија за да ги добие изборите.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он