Сијарто: Одлуките на луѓето од Западен Балкан мора да се почитуваат

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто денес се сретнаа со претседателот на Република Српска Милорад Додик во Будимпешта, а во таа пригода унгарскиот министер за надворешни работи изјави дека интересот на Унгарија за национална безбедност е „стабилноста на Западен Балкан, а секоја надворешна интервенција што е во спротивност со тоа е и штетна и опасна“.

„Одлуките на луѓето од Западен Балкан мора да се почитуваат, а нивното преиспитување ја загрозува стабилноста и мирот во регионот“, објави Сијарто на Фејсбук, споделувајќи фотографии од средбата со Додик и српскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Цвијановиќ, во Будимпешта.

Додик претходно објави дека го посетува својот пријател Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, лидер кој јасно и храбро стои зад волјата на народот, демократијата и суверенитетот.

„Му сум благодарен за неговата поддршка за Република Српска и неговите јасни пораки да се почитува она што го избира народот, а не она што го наметнуваат неизбраните. Нашата борба е иста – да се запре злоупотребата на правдата и самоволието на длабоката држава. Крајот на тоа е близу. Моќта на народот се враќа во Европа, а со неа и правдата. Слободата ќе победи, демократијата ќе победи!“, напиша Додик на платформата X.

Заедно со текстот, Додик објави фотографија на која е со Орбан, српскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Цвијановиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Се надевам дека ќе се најде излез од тешката криза во која се наоѓаат и РС и БиХ

Горан Наумовски

Додик распиша референдум: Коалицијата е решена да ја брани „Дејтонската позиција на Република Српска“

Захарова: Русија ги поддржува легитимните власти на Република Српска во случајот со пресудата за Додик

Пресудата ја отфрлија, Додик останува претседател: Повик за формирање влада на национално единство

Орбан: Време е сите да ја почитуваат одлуката на народот на Република Српска

Додик: Ова е чисто политичка одлука, политичка волја, судот на БиХ е политички суд