Сијарто објави: МОЛ ја купува српска нафтена компанија пради поголема безбедност

Од:

Штом унгарската нафтена компанија МОЛ го финализира договорот за купување на српската нафтена компанија, нафтените пазари на трите земји без излез на море – Словачка, Унгарија и Србија – ќе функционираат на координиран начин, што ќе ги направи поотпорни на политичка уцена, како онаа од Украина, изјави синоќа унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

– Кога МОЛ ќе го заврши преземањето на српската нафтена компанија, нафтените пазари на трите земји без излез на море – Словачка, Унгарија и Србија – ќе функционираат на координиран начин, а ние ќе станеме уште поотпорни на политичка уцена од Украина. Секако, ќе му ја обезбедиме на МОЛ целата потребна поддршка за да го постигне ова, напиша унгарскиот министер за надворешни работи на Фејсбук по разговорите со српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ во Вашингтон.

Тој истакна дека Унгарија и Србија се согласиле да ги забрзаат подготвителните работи за изградба на нафтовод меѓу двете земји, со цел да се подобри безбедноста на снабдувањето со нафта.

Сијарто нагласи дека новиот нафтовод значително ќе ја подобри безбедноста на снабдувањето со нафта и дека забрзувањето на подготвителните работи ќе овозможи побрзо решавање на ова прашање, се вели во објавата на унгарскиот министер на Фејсбук.

– Се согласивме дополнително да ги забрзаме подготвителните работи за изградба на нафтовод меѓу двете земји. Новата транспортна рута значително ќе ја подобри безбедноста на снабдувањето со нафта на нашите земји, вели Сијарто.

Изградбата на нафтоводот, како што изјави унгарскиот министер, има за цел да обезбеди стабилно снабдување со нафта на Србија и Унгарија, како и да ја зајакне енергетската безбедност во регионот.

Сијарто рече дека оваа транспортна рута ќе им помогне не само на двете земји, туку и на цела Централна Европа во однос на подобра интеграција и безбедност на снабдувањето со нафта.

Сијарто и Џедовиќ-Хандановиќ се сретнаа во Вашингтон, каде што учествуваа на меѓународна конференција за енергетска соработка меѓу САД и земјите од Источна Европа.

Сијарто најави дека за време на ова патување ќе ја информира администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за обидите за политичка уцена од страна на Украина, која ги блокираше испораките на руска нафта преку гасоводот „Дружба“.

Би можело да ве интересира

OFAK ја продолжува лиценцата на NIS

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Продаден е рускиот удел во НИС

Горан Наумовски

Петардите повредија седум момчиња од Ниш, дел имаат сериозни повреди на рацете, а некои трајно останаа без прсти

Горан Наумовски

Сијарто: Тајно купуваат руска нафта, а нас нè критикуваат

Петер Сијарто: Ќе ги заштитиме нашите деца од родовата идеологија