Сијарто: Целта на Брисел е да ги отстрани патриотските и мирољубивите влади од регионот

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес изјави дека Брисел сака да ги отстрани патриотските и мирољубивите влади од регионот на Централна Европа, поради што земјите треба уште посилно да се залагаат за својот суверенитет.

Тој напиша на својот Фејсбук профил, по телефонскиот разговор со министрите за надворешни работи на Србија и Словачка, Марко Ѓуриќ и Јурај Бланар, дека „драстичните обиди за интервенција“ се сè поочигледни во Централна Европа.

Според него, настаните од синоќа во Србија и анкетите за Словаците во Унгарија се „поглавја во сценариото на Брисел“ и дека Европската Унија се стреми да ги замени патриотските влади со „марионети влади“.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Брисел ја блокира евтината руска енергија од идеолошки причини

Сијарто: Нападот врз „Турски тек“ е напад врз суверенитетот на Унгарија

ВИДЕО: Протече снимка од телефонски разговор меѓу Лавров и Сијарто

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Прислушувањето на мојот телефон е скандалозно мешање во изборите

Сијарто објави: МОЛ ја купува српска нафтена компанија пради поголема безбедност

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија