Сиднеј: Во пожар уништени 47 автомобили

Од:

Во пожар кој што денесе изби на паркинг кај Олимпискиот стадион во Сиднеј, уништени се 47 автомобили, додека 33 се тешко оштетени, пренесуваат агенциите.

Повеќе од 50 пожарникари учествувале во борбата со огнот на паркингот кај Аква центарот, каде што во 2000 година се одржаа Олимписките игри, додека стотина лица се евакуирани поради експлозии на резервоарите и гуми.

За среќа во пожарот нема повредени. Надлежните велат дека причина за пожарот најверојатно е неизгасната цигара фрлена во близина на тревникот, по што огнот поради силниот ветер се проширил кон паркираните автомобили.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски